За две минути утврдена листата за членови на ДИК | Правдико

Правдико

   

За две минути утврдена листата за членови на ДИК

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Комисијата за избори и именување едногласно и без расправа ги констатира имињата на кандидатите за членови на Државната изборна комисија.

Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде претседател на Комисијата, а негов потпретседател ќе биде Дитмире Шеху од редовите на ДУИ. Елизабета Постоловска е избрана како член од ВМРО-ДПМНЕ. Борче Кондарко, Јанакие Витановски и Радица Ристевски се членови од СДСМ. Фадил Зендели потврди дека за член во ДИК од Беса на Касами ќе биде Енвер Салиу.

За попладнево во 18 часот закажана е пленарна седница на која пратениците ќе треба да го изберат новиот состав на Државната изборна комисија, а седницата ќе ја води претседателот на Собранието, Талат Џафери. Покрај изборот на членови на ДИК, ќе бидат разгледани и измените во Законот за финансирање на политичките партии, на Законот за Владата и измените на Изборниот законик, според договореното на лидерската средба во понеделникот.

Претходно, денеска, ВМРО-ДПМНЕ ја достави листата на кандидати за членови на ДИК. Листите се чекаа два дена поради што не можеше да се состане Комисијата за избори и именувања.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико