За една недела казнети 263 возачи за непрописно паркирање во општина Центар
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ во текот на минатата недела казни 263 возачи за непрописно паркирање.
Во периодот од 9 до 15 декември, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 151 непрописно паркирано возилао, а со поставување механичко средство „блокатор“ санкционирани се 112 возила, кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници резиденти на секторот во кој биле паркирани.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведат во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици“, велат од Општината.
Извор: Макфакс