За една недела во општина Центар санкционирани 143 несовесни возачи
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На територијата на општина Центар за период од една недела санкционирани се 143 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП „Паркинзи на општина Центар“ (ПОЦ), кои ваквата акција ја спроведуваат во соработка со скопската сообраќајна полиција и Општина Центар.
Во периодот од 15 до 21 јуни, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранети се 75 непрописно паркирани возила, а со поставување механичко средство „блокатор“ санкционирани се 68 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
Од ПОЦ информираат дека во соработка со СВР Скопје и во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар, со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Извор: Макфакс