За Ердоган Шангајската организација е алтернатива на ЕУ | Правдико

Правдико

   

За Ердоган Шангајската организација е алтернатива на ЕУ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара во Шангајската организација за соработка гледа реална алтернатива за членството во Европската Унија, пренесе Хабертурк телевизија.

erdogan

– По брегзит, слични работи можат да се случат и во другите европски земји, Франција зборува за тоа, исто така и Италија. Зошто Турција да не стане член на шангајската петорка? Тоа им го кажав на претседателот на Русија, Владимир Путин, и на претседателот на Казахстан, Нурсултан Назербаев, и на другите земји-членки на организацијата – истакна Ердоган за време на посетата на Пакистан и на Узбекистан.

Тој додаде дека на Турција би ѝ било попријатно да работи со Шангајската организација за соработка додека ЕУ го одложува процесот на придружување.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико