За истрагите на СЈО можно е ново начелно мислење на Врховниот суд | Правдико

Правдико

   

За истрагите на СЈО можно е ново начелно мислење на Врховниот суд

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Врховниот судија Џемали Саити рече дека останува во правна сила начелното правно мислење на највисокиот суд, со кое се потврди дека СЈО е неовластен тужител во рокот по 18 месеци од преземањето на предметите.

„Начелното мислење беше водилка на целите настани. Тоа е во правна сила и останува“, рече Саити.

Судијата, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека е возможно Врховниот суд да донесе ново начелно правно мислење.

„Тоа е можно. Членот 6 од Законот за судовите го шири спектарот на подносители на такви иницијативи“, рече Саити на промоцијата на зајакнувањето на капацитетите на Судско-медиумскиот совет.

Највисокиот суд во јануари годинава донесе начелно правно мислење со кое утврди дека СЈО е неовластен тужител по рокот од 18 месеци.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико