За измена на законите на СЈО нема да се расправа, како ни за изборните единици
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Пратениците на седницата во понеделник, што најверојатно ќе биде последна за овој состав, со оглед на тоа дека на дневен ред е распуштање на собранието, претходно не ги прифатија предлозите за дополнување на дневниот ред со измени на законот за изборни единици и со предлозите за заштита на сведоци и за Специјалното јавно обвинителство.
Имер Алиу, од ДПА рече дека не може да тежи гласот на еден граѓанин повеќе од гласот на друг граѓани заради тоа што припаѓа на друга етничка заедница, но дека владејачката партија на Албанците ДУИ, не направила ништо до сега тоа да се смени.
Сепак, за овој предлог да се стави на дневен ред гласаа и пратениците на ДУИ, што ДПА го протолкува како валкан потег.
Од друга страна, пак, Џеват Адеми, од ДУИ беше изненаден што пратениците на опозициската македонска партија СДСМ играла на картата да добие на претстојните предвремени парламентарни избори со гласови од пратеници Албанци, а гласале против овој предлог.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески, предложи оваа седница да се состои од две точки, да се расправа за Буџетот за 2017 година и за распуштање на парламентот, а да се отфрлат точките за именување членови на Регулаторната комисија за енергетика, затоа што тој потег го протолкува како „вдомување на партиски кадри од владејачката ВМРО-ДПМНЕ“.
Но, и овој предлог не беше прифатен од пратениците.
Пратеникот и портпарол на СДСМ, Петре Шилегов, пред почетокот на седницата на прес -конференција изјави дека намерно во дневниот ред се додаваат нови предлози за да не стигне на ред точката за распуштање на Собранието.
„Лицемерството нa ВМРO-ДПМНЕ немa грaници. Прaвaт сè зa денескa дa не се рaспушти Сoбрaниетo. Сиве oвие тoчки што денескa се стaвени нa дневен ред имaaт цел дa гo oдлoжaт рaспуштaњетo нa Сoбрaниетo. Секoе стaвaње нoви тoчки нa дневен ред, сaмo ги oдлoжувa тoчките зa рaспуштaње, a тoa гo пoкaжувa стрaвoт нa Груевски oд фер и демoкрaтски избoри“, изјави Шилегов.
На крајот, пратеникот Павле Трајанов, предложи кога веќе се расправа и за друго во понеделник, тогаш не е доцна да се стават на дневен ред и измените на двата закони што ги бара Специјалното јавно обвинителство, за да може непречено да работи, измени за заштитените сведоци, со кои специјалната обвинителка ќе има автомонија врз одлуката и предлог-закон за измена на Законот за Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите или Специјалното јавно обвинителство.
На овој предлог на Трајанов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски укажа дека веќе еднаш го предложил и дека за редовна процедура има време до 5 ноември, но го стави на гласање, по што за малку не помина, 50 беа „за“, а 55 „против“.
Извор: Макфакс