За каков тип на кривични дела се одговара пред Хашкиот трибунал | Правдико

Правдико

   

За каков тип на кривични дела се одговара пред Хашкиот трибунал

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

02-15-2012ictycourtroomМеѓународниот суд за кривично гонење на лица одговорни за тешки кршења на меѓународното хуманитарно право извршени на територијата на поранешна Југославија од 1991 година  основан од страна на Советот за безбедност врз основа на Повелбата бр. VII од Обединетите нации делува врз основа на одредбите на овој Статут. Меѓународниот суд е овластен кривично да ги гони лицата одговорни за тешки кршења на меѓународното хуманитарно право извршени на територијата на поранешна Југославија од 1991 год.

За каков тип на дела се суди?

Тешки повреди на Женевската конвенција од 1949 година

Меѓународниот суд е овластен кривично да ги гони лицата кои извршиле или наредиле извршување на тешки повреди на Женевските конвенции од 12. август 1949 год., односно следните дела против лица или имоти заштитени со одредбите на релевантната Женевската конвенција:

(а) намерни убиства;
(б) тортура или нечовечко однесување, вклучувајќи и биолошки експерименти;
(в) намерно предизвикување на големи страдања и нанесување тешки телесни повреди или нарушување на здравјето;
(г) уништување и одземање на имот од големи размери кое не е оправдано од воени потреби и е направено на бескрупулозен и против правен начин;
(д) присилување на воени заробеници или цивили да служат во единиците на непријателската сила;
(ѓ) намерно скратување на правото на воените заробеници или цивили на правилна и редовна судска постапка;
(е) противправно депортирање или противправно затворање на цивили;
(ж) земање на цивили за заложници.

Кршење на законите или обичаите на војување

Меѓународниот суд е овластен кривично да ги гони лицата кои ги прекршиле законите или обичаите на војување. Тие кршења се однесуваат, но не се ограничуваат на:

(а) користење на биолошко или други оружја за намерно предизвикување непотребни страдања;
(б) безобѕирно рушење на градови, гратчиња или села, или пустошења кои не се оправдани со воените потреби;
(в) напад, или бомбардирање, со какви било средства на небранетите градови, села и други станбени објекти;
(г) заземање, уништување или намерно правење штета на верски, добротворни, образовни, уметнички, научни и историски објекти и дела од уметничка и научна вредност;
(д) одземање на јавни или приватни имоти.

Геноцид

Геноцид значи кое било од следниве дела извршени со намера во целост или делумно да се уништи некоја национална, етничка, расна или верска група, како:

(а) убивање на припадници на групата;
(б) нанесување тешки телесни или душевни повреди на припадниците од групата;
(в) намерно наметнување животни услови на групата со цел да се доведе до нејзино потполно или делумно физичко уништување;
(г) воведување мерки кои имаат за цел да се спречи раѓање на деца во групата;
(д) насилно префрлување деца од една во друга група.

Злосторства против човештвото

Меѓународниот суд е овластен кривично да ги гони лицата одговорни за следните кривични дела извршени во вооружени борби, било да се од меѓународен или внатрешен карактер и усмерени против кое било цивилно население:

(а) убиство;
(б) истребување;
(в) поробување;
(г) депортирање;
(д) затворање;
(ѓ) тортура;
(е) силување;
(ж) гонење од политички, расни или верски побуди;
(з) други нехумани дела

Лицето кое планирало, поттикнало, наредило, извршило или на друг начин помагало и поттикнало планирање, подготовки или извршување кривични дела , индивидуално ќе биде одговорно за кривичните дела.  Службената положба на секое обвинето лице, било да се работи за шеф на држава или влада, или за одговорен државен службеник, не го ослободува лицето од кривичната одговорност ниту може да ја ублажи казната.

Територијална и временска надлежност

Територијалната надлежност на Меѓународниот суд ги опфаќа територијата на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, вклучувајќи ја нејзината копнена површина, воздушен простор и територијалните води. Временската надлежност на Меѓународниот суд започнува од 1 јануари 1991 година.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико