Правдико

   

За кои градби не е потребно одобрение за градење?

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

tocka-94813Одобрение за градење не е потребно за следниве градби:

(Обновено 15.08.2016)

– мерни станици за заштита на медиумите на животната средина,

– привремени градби наменети за истражувачки дејности (градби за вршење истражувачки мерења, природни ресурси, мерни станици за ветер, сонце, воздух, бушотини, ископи и слично) кога постои одлука на надлежен орган, за периодот од најмногу три години, по кој период треба да се отстранат,

– градби во функција на градобијна одбрана и градба за сигнализација во воздушниот сообраќај,

– некатегоризиран пат кој служи за стопанисување со шуми и користење на други природни ресурси одобрени со посебен пропис,

–  споменици, спомен обележја и скулптури,

–  гробница и споменици на гробни места во рамките на гробиштата утврдени со урбанистички план,

–  градби со кои се овозможува и олеснува движењето на лица со инвалидност до и во градбата,

–  при вградување и замена на опрема во градба која е во употреба заради проширување на капацитетот на градбата, а со која не се менува намената на градбата и просторијата во која е сместена опремата, нити се менуваат општите услови за заштита и спасување предвидени со основниот проект за градбата,

–  телекомуникациска опрема за интерен пренос на говор и слика, опрема во функција на заштита на градбата од кражби, заштита и спасување,

–  огради,

– електронска комуникакциска опрема за пренос на слика, говор и други податоци која се поставува на објекти,

–  потпорни ѕидови;

–  помошни градби кои се во функација на објект за домување или друг вид на објект и се градат на иста урбанистичка парцела (гаража со бруто развиена површина до 50м2, остава, септичка јама и сл.)

– настрешници во функција на објектот,

–  базени на ниво на терен за индивидуална употреба;

– оптички кабли;

– опрема за автоматско регулирање на премин преку постојни железнички пруги и инсталации за автоматско следење и управување на сообраќајот на постојни железнички пруги;

–  електронска комуникациска опрема за следење и регулирање на сообраќајот на постојни улици и

-рекламни и информативни паноа кои се поставуваат на објекти

– привремени градби за потреби на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони кои се градат во рамки на технолошките индустриски развојни зони,“

– отворени и затворени спортски игралишта,

– спортски сали со бруто развиена  површина до 1500 м2,

– мерни и разводни ормари за електрична енергија и нисконапонските кабли,

-електронски информативни и рекламни паноа (со површина над 30 м2 и со конструктивни елементи) кои се поставуваат на јавни површини,

-плажи со придружни објекти кои се градат на копнена и на водена површина, во рамки на простор предвиден за плажа,

-пешачки патеки,

-подземни бунари со линиски системи кои се во фукција на бунарите.

За гробница и споменици на гробни места во рамките на гробиштата утврдени со урбанистички план, се градат согласно со Законот за гробишта и погребални услуги.

За изведување на градбите односно поставување на опремата , инвеститорот поднесува барање за изведување односно поставување со потребна документација до општината, општината во градот Скопје односно градот Скопје, на чие подрачје треба да се изведе градбата, односно да се постави опремата и решението го издава градоначалникот на општината, општината во градот Скопје односно градот Скопје.

По исклучок , барањето за изведување на градбите односно поставување на опремата, чија изведба односно поставување е финансирана од Буџетот на Република Македонија, се поднесува до органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот и решението го издава министерот кој раководи со   органот на државната управа надлежен за вршење на работита од областа на уредување на просторот.

Надлежниот орган  донесува решение за изведување на градбата односно поставување на опремата, во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето, доколку доставената документација е комплетна и се исполнети условите за изведување на градбата односно поставување на опремата, а во спротивно донесува заклучок за прекин на постапката со кој го задолжува инвеститорот да ги отстрани констатираните недостоци во рок од седум работни дена од приемот на заклучокот. Доколку инвеститорот ги отстрани констатираните недостатоци и го дополни барањето во утврдениот рок, надлежниот орган е должен во рок од три работни дена да донесе решение за изведување на градбата, односно поставување на опремата, а во спротивно донесува решение за одбивање на барањето.

Против  заклучокот  односно  решението  на  градоначалникот  на  општината, општината на градот Скопје односно градот Скопје може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на заклучокот односно решението, до министерот кој раководи со органот на државна управа надлежен за вршење на работите на уредување на просторот. Против заклучокот односно решението на министерот кој раководи со органот на државна управа надлежен за вршење на работите на уредување на просторот, може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на прием на заклучокот односно решението, до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Доколку надлежниот орган  не донесе решение за изведување на градбата или поставување на опремата, односно не донесе решение за одбивање на барањето во рокот, инвеститорот може да поднесе барање до градоначалникот на општината, општината на градот Скопје, градот Скопје односно до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.

Решението за поставување на некатегоризиран пат кој служи за стопанисување со шуми и користење на други природни ресурси одобрени со посебен пропис, електронска комуникациска опрема за пренос на слика, говор и други податоци која се поставува на објекти, помошни градби кои се во функација на објект за домување или друг вид на објект и се градат на иста урбанистичка парцела (гаража со бруто развиена површина до 50 м2), базени на ниво на терен за индивидуална употреба, оптички кабли, отворени спортски игралишта и спортски сали со бруто развиена површина до 1500 м2,  кое е правосилно и извршно, претставува правен основ за запишување на правото на сопственост на опремата во јавната книга за запишување на правата на недвижности.

Обрасци за барањата за поставување на опрема за кои не е потребно одобрение за градење можете да ги најдете во делот ОБРАСЦИ во категоријата општински обрасци.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико