За насилството во Центар, ќе се чека вештачењето за обвинетиот Димче Крстев | Правдико

Правдико

   

За насилството во Центар, ќе се чека вештачењето за обвинетиот Димче Крстев

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Нема судска разрешница за седмообвинетиот Димче Крстев во случајот „Насилство во Општина Центар“. Судот го одложи рочиштето на Крстев бидејќи не е готово вештачењето кое го побарале. Седмообвинетиот иако бараше да се издвои постапката сè уште нема адвокат, а, пак, на минатото рочиште не признава вина.

На претходните рочишта вината за случувањата пред Општина Центар вo јуни 2013 година ја признаа четвртиот обвинет, Томислав Лазаров, и петтобвинетиот Јордан Ристевски. Во овој случај обвинети се 14 лица, заедно со Никола Груевски, Миле Јанакиески и Даниела Рангелова. Рочиштето за овој издвоен предмет е презакажано за 5 март.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико