За недвижниот имот што не се користи ќе се плаќа трипати повисок данок | Правдико

Правдико

   

За недвижниот имот што не се користи ќе се плаќа трипати повисок данок

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На денешната владина седница беше разгледан и усвоен предлогот за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот со кој ќе биде обезбедено прогресивно оданочување, а ќе биде во сила од 1 јауари 2022 година.

Исто така со предлог-законот се предвидува позитивно влијание врз буџетот на Единиците на локалната самоуправа бидејќи со пропишаните стапки се зголемуваат и се утврдуваат состојби во кои данокот на имот за другиот недвижен имот опишан во поимникот, кој е во сопственост на државата или на општините, скопските општини и на Градот Скопје, како и во сопственост на физички и правни лица, а кој не се користи, подолго од шест месеци во текот на една година, да се зголеми за трипати во однос на стапката пропишана со законот.

Со одредби од овој закон се пропишува и дека државата, општините, скопските општини и Градот Скопје, како и физичките и правни лица кои нема да пријават дека одреден недвижен имот не го користат, ќе платат данок кој ќе биде за пет пати повисок од пропишаниот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико