За непрописно возење казнети 101 возач во Скопје | Правдико

Правдико

   

За непрописно возење казнети 101 возач во Скопје

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вкупно 101 возач на територијата на Скопје добиле казни за сообраќајни прекршоци, известуваат од Министервото за внатрешни работи.

За возење без возачка дозвола казнети биле 12 возачи, 7 санкции биле изречени за непочитување брзина на движење, а три казни биле изречени за технички неисправни возила за јавен превоз.

Од МВР информираат дека шест возачи добиле казни за користење мобилен телефон во текот на возењето, тројца возачи биле казнети за минување на црвено светло, а  29 за непрописно паркирани возила.

Од ресорното министерство информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од таму апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико