Правдико

   

За новиот датум на штрајкот синдикатот дополнително ќе одлучи

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Plakat StrajkЗа штрајкот во судовите во Македонија кој беше ставен во мирување од 15 јули заради почетокот на годишните одмори, Извршниот одбор на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ во соработка со Здружението на судската администрација дополнително ќе одлучи за датумот на неговото евентуално продолжување.

Заради игнорантскиот однос и незаинтересираноста на извршната и судската власт позитивно да одговори на Барањето на штрајкувачите од судовите во Република Македонија, штрајкот кој започна на 18 мај 2016 година, во континуитет траеше 58 дена. Согласно одредбите од Законот за судовите, годишните одмори почнуваат од 15 јули, Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судската администрација (ЗСА) зазедоа став во периодот додека траат годишните одмори, штрајкот да биде во мирување.

Со оглед на тоа што судската ферија неофицијално е до 31 август, Синдикатот на УПОЗ во соработка со ЗСА дополнително ќе одлучи за датумот на неговото евентуално продолжување а синдикалните организации навреме ќе бидат известени.Затоа штрајкот ќе биде во мирување се до донесувањето на нова одлука за негов почеток. Дотогаш во сила е одлуката за мирување.

При донесување на одлуката за датумот на продолжување на штрајкот, Синдикатот на УПОЗ и ЗСА ќе ги имаат во предвид сите досега преземени активности и резултатите од истите, определбата на членовите да истраат до крај во своите оправдани барања како и однесувањето на извршната власт која очигледно не сака да ја исправи сопствената грешка и да донесе измени и дополнувања на Законот за судска служба во делот на додатоците на плата како и грубиот и насилнички однос на судската власт која изврши финансиска егзекуција врз своите вработени и противзаконски ги казни со намалување на нивните плати за 40% за деновите додека штрајкуваа.

Синдикатот на УПОЗ и ЗСА ја продолжуваат битката и по одморите ќе бидат поднесени кривичните пријави против претседателите на судовите, против претседателот на Судскиот буџетски совет, тужба пред Меѓународната организација на трудот и други активности.

Партнери на Правдико