За отпорот | Правдико

Правдико

   

За отпорот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во случај на забрана и употреба на санкции при негување на вредности и убедувања, нормално е да се појави отпор. Отпорот како легитимно и легално право треба да биде загарантирано во основниот општествен договор како право на секоја индивидуа која не се согласува со донесини акти на забрани и привелегии кон останатите индивидуи од страна на суверенот. Отпорот во тој случај е неминовен заради ослободување од прангите и стегите кои му ги наметнал суверенот.

Full-HD-Wallpaper-resistance-Fist

Поединецот е роден слободен и тој е впрочем суверенот, бидејќи се раѓа како суверен и тоа право не може да му се укине, без разлика од која крвна група потекнува и кој ген наследува и носи, тој има право да се бори за слободата, до онаа слобода додека не би ја загрозил слободата на друга индивидуа.

Отпорот кој го иницирал, суверенот е негова должност да пристапи кон негово решавење, бидејќи неговиот игнорантски однос би дошло до нетрпеливост, без ралика на големината на отпорот и без разлика дали доаѓа од мнозинството или малцинството.

Отпорот не смее да биде насочен кон трибуналот доколку постапил според основниот општествен договор и договорите произлезени од него, отпорот треба да се насочи кон суверенот, бидејќи тој е оној кој ги донесол тие договорни акти, но ако пропишаниот договор е прекршен легитимно е правото на индивидуата да отпорот го насочи и кон трибуналот кој свесно го направил тоа. Освен тоа, отпорот може да се насочи кон извршителот на општествениот договор, бидејќи креирањето политики насочени кон индивидуите-граѓани е негово дело.

Отпорот како механизам на притисок, може да се користи и како механизам за креирање на политики, кои извршителот е должен според основниот општествен договор да ги креира, а не само поради нарушување на вредности. Отпорот може да се насочи кон уредување на социјалната правда, против корупцијата , против игнорантскиот однос на аристрократијата, се со цел да се избори за правото на слободата.

Отпорот е легитимно и легално право на секоја индивидуа и истото е пропишано во основниот општествен договор, тоа е неприкосновено право кое е ограничено само на одредени категории на индивидуи, кои се дел од извршителот, но и тие го имаат тоа право со посебни услови на право на отпор.

Отпорот на индивидуата која го пружа кон институциите на системот е легитимен и легален без ралика од каде доаѓа, дали е од мнозинство, малцинството или од една индивидуа, тоа е само знак дека постои нешто труло во системот и дека е да подлежен на промени. Тоа значи дека на индивидуата, не и треба група, која ќе има исти вредности и убедувања, да би ја убедила гарнитурата која владее на промени со кои би се исправила неправдата.

Автор: Б.Г.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико