За патриотизмот и национализмот | Правдико

Правдико

   

За патриотизмот и национализмот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

nationalismoctПатриотизмот кој денес се шири е во тесна врска и коларелација со национализмот. Патриотизмот во едно мултиетничко и мултикултурно општество не смее да се поврзува со нагласокот на љубов кон сопствениот народ, неговата религија и други вредности кои ги носи една целна група. Ако овој вид на идентификација преовлада ние немаме патриотизам туку чист национализам, кој многу лесно може да прерасне во експанзионистички за кој нема место во едно граѓанско општество, во истото општество нема место за било кој друг вид на национализам.

Патриотизмот во граѓанското општество треба да се насочи кон љубов кон сопствената татковина, но и кон целата нација која живее во истата без разлика на нивната етничка и религиска припадност. Граѓанскиот концепт може да функционира кога ќе направиме разлика помеѓу граѓанин и национална припадност и кога оваа втората би ја ограничиле за интерни потреби, а не за идентификација, со тоа решение би ставиле крај на поделеноста на граѓаните по било кој основ и сите би биле еднакви.

Граѓанинот во институците на системот не смее да се идентификува по неговата национална припадност, ниту институцијата треба да му бара таков вид на идентификација, едноставно поединецот е само државјанин и граѓанин на државата, ако така самата индивидуа  се самоопредели.

Преголемиот нагласок на патриотизмот кој води кон борбениот т.н. експанзионистички национализам, истиот мора да биде благ за внатрешна употреба, додека за надворешна да се користи меѓународното право. Доколку нагласокот е преголем, немаме ништо друго, туку зло кое се има појавено пред осумдесетина години и кое води кон поделба и угнетување на низа етникуми како подредени и зависни од моќниот.

Никој не е виновен што не се родил со предиспозиции како моќниот и со тоа нема никој право да се величи со тоа што е поброен и е мнозинство. Никој не е виновен што има друг тен или ген, со тоа на другиот не му дава за право да биде негов надреден, надреденост може да има, но само според индивидуалната вредност и познавање, но притоа да се почитува начелото на слободата.

Автор: Б. Г.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико