Правдико

   

За полн резервоар бензин Македонците треба да работат три дена

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Македонците за полн резервоар работат три дена, а потребни им се речиси 30 часови работа ако точат „евродизел“. Ова го покажува анализата на црногорскиот дневен весник Дневне новине за односот меѓу цената на полн резервоар со гориво во автомобилите и времето што му е потребно на еден вработен со просечна плата да ги заработи тие пари.

Според весникот, Македонија има најниска работна саатница, па граѓаните за еден работен ден или за осум часа заработуваат во просек по 16 евра. Но, и цената на горивата е значително пониска од другите соседни држави.

Според новите цени на горивата, кои стапија деновиве во сите земји од регионот, како и висината на просечните плати, за полн резервоар најмногу работат граѓаните на Србија, а најмалку Словенците.

Хрватските граѓани точат најскапо гориво од сите држави во регионот, па со оглед на тоа дека просечно работат за 9,4 евра на час, за полн резервоар со гориво мораат да одработат еден дан, односно 6,5 саати за 50 литри „евродизел“. На пример, Словенците за еден час заработуваат 15,6 евра, па за полн резервоар со бензин мораат да работат нешто повеќе од четири часа, а ако точат „евродизел“ и помалку.

Ситуацијата во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, што се однесува на бројот на часови што мораат да се одработат за еден резервоар, е полоша отколку во Хрватска, но за тоа е причина и пониската просечна плата што ја примаат работниците во тие три држави.

Црногорците по час во просек заработуваат по 2,7 евра, па за полн резервоар мораат да работат цели три дена. Граѓаните на БиХ се речиси во идентична ситуација како и Црногорците, бидејќи исто така работат три дена за да наполнат еден резервоар.

Граѓаните на Србија се последни на оваа листа, затоа што за полн резервоар мораат да работат 3,5 денови, а речиси 4 дена за 50 литри дизел.

Инаку, според последните корекции на цените на горивата, литар „безоловен“ бензин во Словенија чини 1,36 евра, во Србија 1,18, во Хрватска 1,36, во Македонија 1,16 евра, а во Босна и Херцеговина 1,07 евра за литар.

Извор: еМагазин

Партнери на Правдико