За правото на самоопределување на индивидуата | Правдико

Правдико

   

За правото на самоопределување на индивидуата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

handswblack515Според меѓународното право, кое на почетокот на дваесетиот век се наметна како право на самоопределување и истото произлезе пред се од либералните сваќања на Претседателот на САД, Вудро Вилсон, преку оснивање на Лигата на народите и Версајскиот договор, преку кој се појавува интернационализмот како иднина на новиот светски поредок.

Нема да навлегуваме во историјата на човештвото и да судиме за постапките во минатото, и не би сакале да критикуваме нешто, кое можеби во тоа време било соодветно и најдобро за иднината на човештвото. Вилсоновиот став, дека идниот светски поредок треба да се креира преку правото на самоопредлување и формирање нации држави, доведе до формирање на преку двеста нови држави врз основа на истиот принцип.

Во почетокот на деведесетитите години од минатиот век, многу држави повикани на каузата на самоопределување се насочија кон формирање на држави, некои од нив беа веќе и формирани, само што го сменија курсот на нивното внатрешно уредување, а некои беа во тек на формирање. Карактеристично за оние кои што се формираа, е тоа што сите потекнува од посткомунистички уредени држави како и оние веќе формираните, кои што се преуредуваа.

Бидејќи државите кои се формираа, ги исполнуваа критериумите на меѓународното право и притоа имаа своја територија, свој народ и легитимно избрана власт, пристапија кон формирање на држави и сите кон принципот нација држава, кој беше втемелен во основниот општествен договор. Во контекст на истото мораме да наглсиме дека формирањето на новите држави го овозможи стариот општествен договор кој овозможуваше право на самоопределување и формирање свои независни суверени држави. Но сепак во тоа време никој не се праша дали нацијата држава има иднина или треба да се насочат идните држави кон креирање на нови политики, а со тоа насочување кон нов светски поредок и отстапување на принципот нација држава. Притоа, никој не се насочи кон креирање политика и градење на граѓанско општество, каде индивидуата не би се препознавала според нејзиниот етникум, религија и други карактеристики со што би дошло до расцеп, а со тоа би го немало или би исчезнал соживотот и толеранцијата кои термини во комунистичкото уредување се нарекуваа братство и единство.

Државата не би можела да се гледа само како држва нација, бидејќи таа не припаѓа само на еден народ и не е неприкосновено и екслузивно право на еден. Државата треба да се подразбира како збир на индивидуи кои се здружиле со цел да ги остварат своите интереси на една територија, со еден заеднички суверен кој е легитимно и легално избран да ги води. Во неа партиципираат индивидуи од ралични етникуми кои имаат различна, културна, религиска, јазична и друга вредност на која треба да им се овозможи да ги искажуваат своите индивидуални вредности, а притоа да не постојат бариери, со кои индивидуата не би можела да напредува. Таа треба да се насочи кон градење на граѓанско општество каде истата би била држава на сите граѓани, каде службениот јазик би бил на мнозинството, но притоа на малцинството кое не го зборува истиот да му се овозможи користење на јзичната вредност.

Притоа во новиот општествен договор, кој ќе биде склучен, да се исклучи правото на самоопределување на национална припадност, туку само припадност на државата на која припаѓа, додека онаа првата да се предефинира како јазична припадност и истата да биде за интерна употреба, со цел да му се овозможи на поединецот правна заштита. Јазичната припадност, основниот општествен договор, мора да му ја гарантира на секоја индивидуа, а не преку процентуална математичка застапеност, бидејќи индивидуата мора да го разбере донесениот акт или личен документ на јазикот кој најдобро го разбира.

Доколку математичката процентуална застапеност е гарант за користење на јазичната вредност на индивидуата, тогаш постои опасност од колективизам, каде индивидуаите со иста јазична вредност ќе се групираат на едно подрачје и со тоа би создавале територии на кои ќе се негува иста јазична, културна па и религиска вредност. Според тоа тогаш постои опасност од појава на индивидуи со ниски вредности и убедувања кои би можеле да ја повикаат групата на право на самоопределување, а со тоа да дојде до нетрпеливост и расцеп во општеството.

Некои критичари би рекле дека во овој случај се губи идентитетот на еден народ, напротив идентитетот се зацврстува преку јазичната припадност, впрочем идентитетот во основа е јазичната припадност на индивидуата.

Ставот кој е произнесен е подржан со тоа што сме сведоци во поглед на ова прашање на глобално ниво. Состојбите во Украина,  каде во поглед на тоа прашање ставот на Г-нот  John B. Bellinger1, е кристално јасен и овие состојби не се моментални, на кои не им претходеле колективистички мерки. Индивидуите на кои им се пружа можност идентификација по основ етникум, религија и слично, само овозможува, иднината истата таа индивидуа да ја гради во колектив кој е сроден или сличен со неговите убедувања и вредности. Колективизмот од овој вид ствара групи кои подоцна би побарале и би биле повикани на принципот на самоопределување на сопствени држави. Со тоа се создава опасност од создавање на чисто етнички држави или припојување со поголеми од нив, а со тоа уште поголема опасност за човештвото. Тие држави би се формирале за нив со чисти раси, кои би биле опасни кон оние помалите и немоќните. Затоа сметам дека иднината не треба да се гради според вредноста и убедувањето, бидејќи тие се индивидуални, но доколку индивидуализмот излезе од контрола, појавата на колективизмот може да биде со несакани последици.

Критичарите се свесни дека иднината на нацијата држава се насочува кон мултикултурни и мултиетнички општества, глобализацијата си го стори своето. Миграцијата која постои не може да се сопре, правото на слобода на движење е неприкосновено, потрагата на подобра егзистенција и индивидуално напредување се во подем, нормално е да во една држава да постојат различни етникуми со различни вредности, но притоа нормално е да тие вредностии убедувања да се почитуваат без разлика на бројноста на различните, и еден е вреден сам за себе.

1John B. Bellinger:Украинскиот Устав бара било какви територијални промени во Украина да бидат одобрени на референдум од сите жители на Украина. Барањето е во склад на општите принципи на меѓународното право, кое го почитува територијалниот интегритет на државите,  а не признава право на сецесија од група луѓе или регион во државата освен ако централните власти на групата или регионот им го забрани правото на „внатрешна само-определба“ (т.е. право да следат сопствен политички, економски, социјален и културен развој) или ако се подложени на страшни нарушувања на човековите права од централните власти. Овие два услови, кои би овозможиле меѓународно одобрено право на сецесија не беа присутни во Крим. Меѓународното право сака да го зачува територијалниот интегритет на државите и да го ограничи правото на народно самоопределување на малцинските групи бидејќи тоа не ги отсликува погледите на мнозинството и а ако се дозволи неограничено право на сецесија, тоа би можело да доведе до распад на меѓународниот систем. Меѓународното право го почитува територијалниот интегритет на државите и не дава можност за општо право за сецесија, освен во ограничените услови.
 

Автор: Б.Г.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико