За „прв пат“ Фејсбук отстранува страна која шири говор на омраза | Правдико

Правдико

   

За „прв пат“ Фејсбук отстранува страна која шири говор на омраза

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во текот на минатата недела, корисниците на социјалната мрежа Фејсбук беа вчудоневидени од содржините со говор на омраза, кои страната Pegida Macedoniа ги промовираше на Фејсбук.

pegida_macedonia_profile_pic

Голем број на корисници на оваа социјална мрежа се обидоа да ја пријават Фејсбук страната како страна која промовира омраза, поточно дека промовира исламофобија исто така ги повикаа и своите пријатели да го сторат истото (да ја пријават оваа страна), но бидејќи до сега на Фејбук пријавите не покажале позитивни резултати и да ги затворат таквите страни, пасивноста на пријателите да ја пријават оваа страна беше повторно присутна.

Покрај секојдневните пријави Фејсбук неколку пати констатираше дека оваа страна не ги прекршува стандардите на заедницата, но тоа не ги спречи корисниците на Фејсбук да се откажат од пријавите.

Напротив, бројот на повици за да ја пријават оваа страна на Фејсбук растеше секојдневно, се додека Фејсбук реши да ја разгледа повторно страната и конечно увиде дека оваа страна шири омраза, со што одлучи да ја затвори страната Pegida Macedoniа со образложение дека оваа страна ги прекршува стандардите на заедницата.

pegida

Ве охрабруваме, да ги пријавувате страните, групите или содржините кои шират говор на омраза или повикуваат на насилство.  Како да препознаете говор на омраза? 

Говорот на омраза е пристрасен, непријателски, злонамерен говор насочен кон еден човек или група луѓе поради некои карактеристики кои ги имаат или кои им се припишуваат дека ги имаат.

Говорот на омраза претставува дискриминирачко, заканувачко, антагонистичко однесување кое многу често се потпира на предрасуди кон луѓето поради нивниот пол, сексуална ориентација, раса, религија, етничка припадност, боја на кожата, националното потекло, некој вид на попреченост (ментална, интелектуална или физичка).

Говорот на омраза има намера да повреди, да го претстави некого како помалку човек од другите, да вознемири, да понижи, омаловажи, деградира и да поттикне нечувствителност и бруталност кон одредени групи луѓе поради нивните карактеристики.

Како да пријавите говор на омраза на Фејсбук? Кликнете тука за да го прочитате целосното упатство за пријавување на Фејсбук.

Извор:Nemrazi.mk

Препорачуваме

Партнери на Правдико