За само 4 часа со т.н. ноќен радар „фатени“ 200 возачи кои возеле над дозволената брзина | Правдико

Правдико

   

За само 4 часа со т.н. ноќен радар „фатени“ 200 возачи кои возеле над дозволената брзина

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Синоќа во периодот од 21:00 (28.7.2021) до 1:00 (29.7.2021) часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што беа санкционирани 200 возачи.

Од нив, како што соопшти МВР, 31 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико