За секој наш граѓанин 320 евра од ЕУ | Правдико

Правдико

   

За секој наш граѓанин 320 евра од ЕУ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од помошта што ја доби Македонија за изминатите седум години се искористени само 39 отсто, но рокот трае се’ уште.

A315EE57A500D94199B814C8F4104A7E

„Секој македонски граѓанин ќе добие по 320 евра помош од европските даночни обврзници наредните седум години“ – објави денеска вицепремиерот Фатмир Бесими, посочувајќи дека тоа е во рамките на 664,2 милиони евра што преку помошта ИПА 2 ќе се слеат од ЕУ во нашата земја. Тоа е за 50 милиони повеќе од помошта што ја добиваше Македонија во претходниот седумгодишен период и, како што нагласи Бесими, во време кога ЕУ самата поминува низ економска криза.

Покрај овие средства, Македонија ќе добие дополнителна помош преку програмите за меѓугранична соработка, а целта е да се помогнат реформите во земјата.

„На Македонија ќе и’ бидат на располагање средства за конкретни и стратешки приоритети од повеќе области, меѓу кои за демократија и добро владеење, владеење на правото и човекови права, животна средина и климатски акции, транспорт, конкурентност и иновации, образование, вработување и социјални политики, хоризонтални механизми за меѓуинституционална соработка, земјоделство и рурален развој. ИПА 2 е цврст доказ за партнерството и силната поддршка која Македонија ја добива од страна на ЕУ“, порача Бесими на регионалната расправа организирана на оваа тема, со претставници на парламенти од цел Западен Балкан.

Ставањето и на економските критериуми како предуслов за членство што реално се нова рампа за Македонија, сепак беше поздравено од вицепремиерот Зоран Ставрески.

„Го поздравувам ставањето на акцентот од страна на ЕУ на економското владеење. Министерството за финансии ќе даде целосна поддршка“, рече тој, објаснувајќи дека помошта во оваа сфера ќе ни помогне да ги надминеме слабостите и да ја заокружиме трансформација на земјава, и притоа да заштедиме средства за истата намена во буџетот.

„Гледам можност преку ИПА2 средствата да ја подобриме патната, енергетската, еколошката и другата инфраструктура, но и да го подобриме знаењето и квалитетот на работната сила“, рече Ставрески.

Според амбасадорот Аиво Орав, помошта на ЕУ ќе биде приспособена да и’ помогне на земјата да го исполни стандардите.

„Со ИПА2 одлучивме да ги поддржиме политичките и економски реформи, како и одржливоста во наредните седум години. Финансирањето ќе ни дозволи да ја продолжиме работата која започна со ИПА1“, рече Орав.

Националниот координатор Сузана Пенева, пак, извести дека од програмата ИПА1 (2007-2014) се искористени околу 39 отсто од помошта, а до крајот на годинава се очекува да достигне до 45 проценти. Таа посочи дека најголем предизвик и за ИПА2 ќе биде искористеноста на средствата. Од 1 јануари, значително ќе се намалат контролите околу постапките за тендери од страна на ЕК, што треба да резултира со зголемена искористеност на средствата.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико