За штрајкувачите од судовите 60 отсто плата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судскиот буџетски совет, СБС, на 30 јуни до судовите доставил известување со кое сите вработени во судската администрација што штрајкуваат ќе добијат 60 отсто од платите за мај и за јуни. За ова кратење, како што соопштија денеска од Синдикатот на управата, правосудството и здруженија на граѓани, УПОЗ, на вработените требаше да им бидат доставени поединечни решенија, со право на жалба.
„Но, вчера СБС достави ново известување со кое се повлекува известувањето од 30 јуни и сега наместо поединечни решенија, како што е предвидено законски, претседателите на судовите треба со наредба до благајната, најдоцна до 8 јули, да изготват нова пресметка на плата и на сите што штрајкуваат да им биде исплатена плата во висина од 60 отсто. Ваквиот начин на кратење, без право на жалба, е противуставно и незаконско“, соопштија денеска од Синдикатот на УПОЗ.
Според Синдикатот, новата пресметка на платите не може да биде завршена до петок, ако се земе предвид дека голем број вработените во судовите во мај и во јуни го користеа стариот годишен одмор, а некои беа на боледување.
Од УПОЗ велат дека за оваа ситуација ќе го известат Народниот правобранител, а ќе побараат и заштита од државниот инспекторат на труд, бидејќи не се испочитувани Законот за работни односи и Законот за судска служба во делот на штрајкот.
Извор: Утрински Весник