За слободата на граѓанинот | Правдико

Правдико

   

За слободата на граѓанинот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Нашите тези повеќе би сакале да ги прифатите како укажање на опасностите кои би следувале доколку тиранијата земе замав, која подоцна тешко би се контролирала, затоа предупредуваме, дека при одлука со која треба да одлучите кон кое политичко убедување ќе  пристапите, треба да бидете сомничави.

freedom-sign

Сомничавоста треба да ја насочиме кон тоа каква власт треба да подржиме, онаа која би практикувала моќ преку принуда или моќ преку влијание, манипулација и сила. Сомнежот ќе го препознаеме ако утврдиме дали водачот не довел во заблуда и преку измама сака да дојде на власт или неговите вредности и убедувања биле реални, што значи мораме да ја согледаме вистината. 

Ако си дадеме одговор на овие тези Декарт, ќе добиеме дека оние кои би практикувале принуда наместо манипулација, влијание или сила би ги препознале демократите, наспроти деспотот и тиранијата. Истиот тој, кој го тангира тоталитаризмот, нашата индивидуална вредност би се уништила во такво општество, бидејќи нашата слободна волја нема ние да ја поседуваме, таа ќе биде поседувана од моќникот и нема да можеме да се спротиставуваме на тврдења со кои  не се согласуваме, туку едноставно слепо или неволјно ќе ги прифаќаме сите одлуки кој ќе ги носи авторитетот.

Затоа внимавајте да не бидете измамени преку моќта на манипулацијата која е предходник на моќта на силата. За да би било појасно само да се присетиме на најголемото зло, кое човештвото го доби во 20 век предводено од Адолф Хитлер нарекувајќи ја неговата идеологија Фашизам, но не заборавајќи го и оној вторит од левата страна, Сталин, нарекувајќи ја Комунизам. И двете опции, претставници на тоталитаризмот, на власт доаѓаат преку манипулација на мнозинството, како и преку употреба на сила, како при доаѓање на власт така и при одржување на власта.

illusion_of_democracy_aНаспроти ним демократот користи принуда и можеби некогаш влијание како моќ. Неговиот акцент се става кон создавање на мала држава, а и воедно минимална држава, како и тоа да власта би интервенирала кога би се нарушила слободата на друга индивидуа, а не за сеење страв и за прикажување сила со цел да се задржи власта. Целта е очевидна, нарушување на основните принципи на слободата.

Во потесна смисла, слободата ја подразбирам како право на секоја индивидуа во вистинска смисла на зборот, но притоа со тоа право не сме да се загрози некое право на друга индивидуа.  Во поширока смисла, слободата би значела ограничена слобода со легислатива, со која би се заштитила онаа индивидуа која е помалку моќна и најзината сигурност да ја гледа во институциите на системот. Според тоа, владеењето на правото и правната држава е неминовна.

Слободата би ја дефинирале преку основните елементи на моќта, а со тоа и заложбите на демократијата. Моќта која би ја практикувала гарнитурата која владее мора да биде легитимна и легална. Легитимноста една гарнитура ја добива преку добиените избори, преку правото на глас на поединецот, додека легалноста ја добива преку законските одредби кои се основата на правната држава. Не смееме да испуштиме, а да не споменеме дека една гарнитура која практикува власт, иако би била легално избрана да владее би можела да нема легитимитет да владее.

Впрочем, иако мнозинството дава можност таа гарнитура да владее, но ако притоа малцинството биде угнетено, мајоризирано, легитимноста не би била со никаква вредност, макар што и донесените решенија би биле легални. Притоа мора да се напомене дека оној кој применува моќ во форма на сила и манипулација можеби на прв поглед ни изгледа како да е легитимна и легална, но мора да го поставиме прашањето до кога таа би била таква?.

Одговорот би бил, се додека поединецот не сфати дека манипулацијата како моќ го преовладала преку измамата на манипулантот и неговиот лажен авторитет.

Автор: Б.Г.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико