За случајот “ФАЛАНГА” Србин ќе бара 500.000 евра оштета од Македонија | Правдико

Правдико

   

За случајот “ФАЛАНГА” Србин ќе бара 500.000 евра оштета од Македонија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

falangaСрбинот Давид Шекуларац (71), второобвинет во судскиот процес познат како „Фаланга-2“, најави дека ќе ја тужи Македонија пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур поради одлежаните два месеца во притвор во Германија. Шекуларац за радио „Слободна Европа“ изјавил дека неговото побарување за оштета ќе изнесува половина милион евра.  Тој бил уапсен во Германија на 11 јануари годинава. Германскиот суд го одбил барањето за екстрадиција од судот во Македонија и на 6 март го ослободил од притвор.

Македонското обвинителството го товари Шекуларац како купувач на археолошки предмети, а првообвинетиот Илчо Бојчевски, кој се товари за продажба на артефакти, во својата одбрана изјавуваше дека Шекуларац бил соработник на МВР, кој работел на откривање на криминалната група, која се занимавала со продажба на артефакти во првата Фаланга.

Одбраната на Шекуларац тврди дека Интерпол е злоупотребен од македонските власти затоа што македонските власти можеле директно да се упатат во Србија за да го сослушаат обвинетиот. Шекуларац тврди дека откако процесот почнал, никој од македонското обвинителство не се обидел да го исконтактира во Србија. Изјавил дека против него се води постапка заради одмазда поради неколкугодишниот судски спор што го води против бизнисмен од Македонија.

Извор: Дневник

Препорачуваме

Партнери на Правдико