За социјалните случаи бесплатен елаборат за дивоградбите
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Изработката на елаборат за легализација на дивоизградени објекти, за социјалните случаи ќе биде бесплатна. Ова го најави мандатарот на идната влада и актуелен премиер Никола Груевски, кој посочи дека оваа бенефиција била ветена во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и на една од првите седници на владата ќе биде прифатено како закон кој потоа ќе биде доставен до парламентот. Изработката на една таков елаборат чини најмалку 100 евра.
При тоа Груевски истакна дека социјалните случаи нема потреба да стравуваат дека доколку ја легализира куќата, ќе им биде одземена социјалната помош, и таквите информации кои се шират во јавноста ги отфрли како неточни. „Тоа сакам најдиректно да го демантирам. Тоа се неточни гласини. Ова е едно од ветувањата на владата, кое ќе биде експресно реализирано“, потенцира Груевски.
Со оваа мерка се очекува да бидат опфатени околу 35 илјади корисници на социјална помош.
Извор: Утрински весник