За специјалниот обвинител посебен закон | Правдико

Правдико

   

За специјалниот обвинител посебен закон

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Изборот на специјалниот обвинител, што е дел од преговорите на работните групи за спроведување на политичкиот договор, нема да може да се реализира со подзаконски акти, туку со усвојување на посебен закон, изјави за Алсат-М министерот за правда, Аднан Јашари.

95F72073E1271441B6690E73209E7CA9

Според него, со таков закон би се утврдиле и одговорностите на обвинителот, за да нема конфликт на надлежности со Јавното обвинителство.

Министерот за правда смета дека уредувањето на работата на специјалниот обвинител со подзаконски акти, што е една од опциите кои се дискутираат на работната група, би довело до конфликт на надлежности и пречки во работата на овој обвинител.

Според Јашари, најдобра форма за обезбедување целосна автономија на обвинителот би било усвојување на нов закон за специјален обвинител. Доколку четирите политички партии кои преговараат не покажат волја за ова, Јашари препорачува да се смени актуелниот Закон за јавно обвинителство и да се прецизираат прашањата за функционирањето на специјалниот обвинител.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико