За стопанските спорови до милион денари ЗАДОЛЖИТЕЛНА медијација - Предлог измени на ЗПП | Правдико

Правдико

   

За стопански спорови до милион денари ЗАДОЛЖИТЕЛНА медијација – Предлог измени на ЗПП

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Предложените измени и дополнувања на  Законот за парничната постапка, имаат за цел: создавање на законски претпоставки за посоодветно остварување и заштита на правата на странките во постапката, преку зголемување на степенот на нивната одговорност за успехот во спорот со давањето на законско  право на странките, нивните законски застапници или полномошници  непосредно и без претходна дозвола од судот, да поставуваат прашања на странките, сведоците и вештаците; обезбедување посоодветни законски механизми странките да дојдат до доказите кои им се потребни во постапката, а не се наоѓаат кај нив; системско усогласување на одредбите на посебната парнична постапка по платни налози со предложените решенија за нотарски платен налог во Предлогот на Закон за нотаријатот; зголемување на вредноста на споровите од мала вредност и споровите од мала вредност во стопанските спорови; зголемување на вредноста на предметот на спорот по кој постапува судија поединец во општата парнична постапка како и во постапката по стопанските спорови, како и пропишувањето на задолжителен обид за решавање по пат на медијација на стопанските спорови кои се подобни за медијација до 1.000.000 денари а по кои постапката се поведува со тужба пред суд, пред поднесување на тужба до суд.

Имено во Предлог изменит се предлага :

– Во стопанските спорови за парично побарување чија што вредност не надминува 1.000.000 денари, а по кои постапката се поведува со тужба пред суд, странките се должни, пред поднесувањето на тужбата да се обидат спорот да го решат по пат на медијација. При поднесување на тужбата тужителот е должен да приложи писмен доказ издаден од медијатор дека обидот за решавање на спорот по пат на медијација не успеал. Тужбата кон која не е приложен доказот  судот ќе ја  отфрли.

Предлог измените можете да ги превземите ТУКА

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико