За трибуналот и санкциите
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Санкциите кои би се примениле кон индивидуата мора да бидат во својство на принуда со цел да прифати и да се потчини на нормите на основниот општествен договор. Санкцијата би била ресоцијализација на индивидуата и насока кон позитивните догми и предупредување на поединецот кон догмите кои не треба да ги чини. Според тоа санкцијата нормално би било да ја анализираме во правецот на индивидуализмот, таа може да биде изречена и извршена само кон сторителот на казнивото дело. Не смееме донесувањето на актот кој важи за колективот да го мешаме со изрекувањето и извршувањето, тоа не е насочено кон колективот туку кон индивидуата која се огрешила кон тој акт. Санкцијата како мерка не може да биде насочена кон сите индивидуи кои негуваат исти или слични вредности и убедувања, а притоа не сториле казниво дело. Оттука се гледа дека делото кое е сторено треба да е пропишано со акт од страна на суверенот, истото да е казниво и да има пропишана санкција која ќе биде насочена и примената само и само кон сторителот, во спротивно, граѓанинот ќе биде тиранизиран. Санкциите ги пропишува суверенот, ги извршува извршителот, а ги изрекува трибуналот. Трибуналот кој ги изрекува санкциите кои мора да бидат изречини исклучиво кон индивидуата сторител, а не кон група и колектив со исти врености и убедувања, како и со исти вредности и спообности. Секоја санкција пред да биде изречена, треба да се испита околу тоа, под кои околности е сторено делото, доколку делото е сторено под околкности на нужност, не постои дело, трибуналот мора да се ослободи од тој случај со слобода на нужниот сторител. Трибуналот не смее да бида маша на извршителот и суверенот, тоа е независно тело во кое творат интелектуалци со посебни индивидуални вредности кои претходно ги нарековме интелектуални вредности и тие се способни да расудуваат која индивидуа е виновна. Тоа се индивидуи кои се повикуваат на актите, пред се на основниот општествен договор и други договори кои произлегуваат од истиот. Овие се пропишани акти од суверенот врз основа на договорот склучен помеѓу мнозинството на индивидуи и суверенот. Трибуналот издава наредби кон извршителот, а прима наредби исклучиво од суверенот, но не по лични желби, туку според пропишани акти и во никој случај обратно. Кога извршителот би издавал наредби на трибуналот и би ги донесувал пропишаните акти според кои треба да функционира, тогаш тиранијата виснала на нашето поднебје. Ќе си дозволам да одам дотаму, што ќе си дадам за право да го анализирам изборот на лидери на трибуналот, кој треба да биде интерен избор на самите трибуни и да немаат право на политичка активност, со што би биле целосно независни од суверенот и извршителот. Сегашниот начин на избор на лидери на трибуналот, преку избор на суверенот не дава можност да трибунот биде целосно независен, туку да биде послушник на суверенот со мнозинство, а тоа на индивидуата која припаѓа на малцинството со различни погледи не му дава сигурност и се сомничи кон насока на селектина правда. Трибуналот кој е определен како чувар на основниот општествен договор, да биде избран од трибуни со долгогодишно искуство и тоа да им биде единствен животен пат, до крајот на животот. Контролата на трибуналот може да ја врши исклучиво суверенот преку тело кое ќе го формира самиот суверен, но не само од мнозинството суверени, туку и од малцинството суверени, со една цел, дали актите кои ги има донесено самиот суверн се спроведуваат онака како што пропишуваат самите акти, а не со цел да се врши притисок врз трибуналот, заради лични интереси на суверенот или извршителот. Освен тоа трибуналот е хиерархиски поставен, повисоките трибунали должни се да вршат контрола на пониските, пред се преку правото на жалба на индивидуата сторител и не сторител, но и преку интерни контроли кои самиот трибунал по хиерархија би ги спроведувал. Автор Б.Г. –ПРАВДИКО–