За вакцинирање во Македонија заинтересирани 38.000 лица кои имаат над 70 години
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерството за здравство информира дека досега преку веб-страницата Vakcinacija.mk, 55.970 лица ја пополниле формата за аплицирање со искажување интерес за вакцинација против Ковид-19. Преку матичниот лекар за вакцинација се пријавиле 29.209 лица. Од оваа вкупна бројка 38 илјади лица над 70 години се пријавени за вакцинација.
Вчера, со вакцинација на 202 здравствени работници почна имунизацијата во земјата. Во согласност со направениот план за вакцинација на здравствените работници, први се вакцинираат медицинските лица што работеле или работат со ковид-пациенти од Инфективната клиника, ГОБ „8 Септември“, Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле, интерните клиники, кои хоспитализираа пациенти.
Од следната недела вакцинацијата ќе почне и кај здравствените работници во болниците во државата, како и во приватните болници.
Во неделата од Србија добивме 4.680 од вкупно 8.000 вакцини од компанијата „Фајзер“. Во текот на следната недела во Северна Македонија се очекува да пристигнат и другите количини од Србија.
До крајот на февруари се очекуваат да пристигнат и 200 илјади вакцини од Народна Република Кина.
Извор: Макфакс