За време на празничните денови над 20 сообраќајки во Скопје | Правдико

Правдико

   

За време на празничните денови над 20 сообраќајки во Скопје

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во текот на изминатите денови (4, 5, 6 и 7.01.2019 година) во  Скопје се случиле вкупно 23 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, 11 сообраќaјни незгоди со телесни повреди и 10 со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и 17 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 139 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 69 возачи од кои: 23 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 35 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило и 11 возачи затоа што биле возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 35 возила бидејќи 34 биле нерегистрирани, а едно возило било технички неисправно.

Санкционирани се 15 возачи поради поминување крстосница на црвено светло, девет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, седум поради неправилно престројување, тројца возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, 16 поради непоседување пропишана зимска опрема, тројца поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 21 возач поради користење мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување  коловоз надвор од пешачки премин и пет пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло. Издадени се 211 мандатни платни налози и 130 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико