„За заедничка Македонија“ ќе водат правна битка со редуцирани протести | Правдико

Правдико

   

„За заедничка Македонија“ ќе водат правна битка со редуцирани протести

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ најави дека утре во Уставниот суд ќе поднесе иницијатива за оценување на уставноста на изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија. Според претставниците на иницијативата, при обидот за избор на претседател на Собранието е извршен акт спротивен на Уставот и законите.

Богдан Илиевски од иницијативата рече дека се свесни за должноста на претседателот на државата Ѓорге Иванов од кого бараат да инсистира од мандатарот на владата на најцврста формулација со која ќе се гарантира независноста и унитарноста на Македонија.

Исто така на денешната прес-конференција претставниците на иницијативата истакнаа дека ќе ги менуваат и засилуваат формите на отпор, не само преку протиести туку и преку други механизми. Илиевски вели дека можеби протестните маршеви ќе ги редуцираат и оти енергијата ќе ја канализираат во правната битка.

Извор: Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико