Забрана за Фејсбук и Инстаграм во Русија- Мета прогласена за „екстремистичка“ организација | Правдико

Правдико

   

Забрана за Фејсбук и Инстаграм во Русија- Мета прогласена за „екстремистичка“ организација

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судот во Москва донесе одлука да ја означи компанијата Мета како „екстремистичка организација“, потег што практично ги забранува нејзините платформи за социјални медиуми Фејсбук и Инстаграм.

Судот соопшти дека неговата одлука стапува на сила „веднаш“.

Државните обвинители го поднесоа барањето по веста на 10 март дека Мета платформите им дозволуваат на корисниците на Фејсбук и Инстаграм во некои земји да повикуваат на насилство против Русите и руските војници по неиспровоцираната инвазија на Москва на Украина на 24 февруари.

Руските власти веќе го блокираа пристапот до Фејсбук откако тој блокираше некои објави на државните медиуми.

Москва презема чекори за ограничување на пристапот до независните медиуми, вклучително и социјалните медиуми, во текот на изминатата година.

Според обвинителите, ознаката „екстремистичката“ ќе доведе до забрана на Фејсбук и Инстаграм, но не и за платформата за пораки на Мета, Ватсап.

На Русите кои сè уште имаат профили на овие сервиси им беше кажано дека нема да се соочат со законска одговорност, но некои адвокати за човекови права предупредија дека таквите ветувања можеби нема да бидат испочитувани.

Компанијата Мета до неодамна беше позната под името Фејсбук, но по неодамнешното ребрендирање го доби новото име. Платформата покрај Фејсбук, ги поседува и Инстаграм и Ватсап.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико