Забраната за движење во шуми важи и за Водно | Правдико

Правдико

   

Забраната за движење во шуми важи и за Водно

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Забраната за движење во шуми на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство важи и за Водно. Ако некој биде затекнат на планината во периодот од 7 до 17 часот, ќе биде казнет.

2glide-tandem-paragliding

Инспектори на град Скопје секојдневно вршат контроли, велат од ЈП „Паркови и зеленило“. Забраната за движење во шуми од 7 до 17 часот важи и за Водно. Ако градските инспектори затекнат некого на планината во овој период, ќе му напишат казна од 1.500 до 2.000 евра. Многу рекреативци од главниот град можеби не ја сфатија сериозно забраната за движење низ шума на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, која ќе важи до 15 август. Според забраната, во шума може да се оди само по 17 часот попладне, а целта на оваа забрана е спречување пожари, кои се честа појава во летниот период.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико