Забранет влез во Шведска без документи за идентификација
© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Од денес сите патници кои патуват во Шведска од Данска преку мостот и низ тунелот со воз, автобус и траект, пред преминување на границата, мора да приложат документ за идентификација.
Патниците се предупредени да очекуваат долги колиони и чекање поради одлуката за проверка на сите патници која стапи во сила на полноќ на данската страна на мостот и тунелот “Оресунд”, каде што пристигаат голем број на бегалци и емигранти.
Целта на оваа мерка е да се спречи влегувањето на недокументирани имигранти во Шведска.
Привремена ограда е веќе поставена на аеродромот “Каструп” во Копенхаген, каде што возовите ќе биде запирани за потребните контроли.
Ова е прв пат на границата да бидат воспоставени контроли меѓу нордиските земји, по повеќе од половина век. Неколку други членки на блокот, вклучувајќи ги Германија, Австрија и Франција, исто така, поставија контроли на границите поради прекумерен прилив на бегалци.