Забрането е групирање на повеќе од 4 лица по 21 часот, до тогаш ќе работат и угостителите
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Скратување на работното време на угостителските објекти и забрана за групирање на повеќе од 4 лица по 21 часот се дел од мерките што ги донесе Владата денеска на седница.
Со новите мерки, угостителските објекти ќе работат до 21.00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна. Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.
На седницата донесена е и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот.
Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.
Извор: Макфакс