Задолжителна електронска аукција при воспоставување Јавно приватно партнерство – Предлог измени
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во Република Македонија доделувањето на концесиите на добра од општ интерес и договорите за воспоставување на јавно приватно партнерств, правната заштита во постапката, како и други прашања во врска со концесиите на добра од општ интерес и договорите за воспоставување на јавно приватно партнерство е уредена со Законот за концесии и јавно приватно партнерство (“Службен весник на РМ бр.6/12).
Имајќи предвид дека со законот беше определено дека јавниот партнер може да не користи електронска аукција за да додели договор за воспоставување на јавно приватно партнерство, согласно Заклучокот на Владата на Република Македонија од четвртата седница одржана на 27.06.2014 година, Министерството за економија подготви Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство со кој се предвидува задолжителна електронска аукција за кандидатите за воспоставување на концесија и јавно приватно партнерство, по примерот на Законот за јавните набавки.
Поточно се врши дорегулирање на законот со одредби за задолжително користење на електронска аукција (позитивна и негативна), како завршна фаза во постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство, пред донесување на одлуката за избор на најповолна понуда, а се со цел обезбедување на поголема транспарентност и конкурентност во постапката за доделување на овој вид на договори.
Со оглед на тоа што во овој закон како системски закон во оваа област е пропишана посебна постапка за доделување на концесиите на добра од општ интерес, која се однесува и се применува кај сите видови на концесии на добра од општ интерес регулирани со посебните закони од соодветната област, а со цел воведувањето на електронската аукција како дел од оваа постапка, како завршна фаза пред донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда, се наметна потребата со овој закон да се пропише можност за користење на електронската аукција и при доделување на концесиите на добра од општ интерес,доколку тоа е пропишано со посебниот закон со кој се регулира соодветниот вид на концесија на добра од општ интерес и во рамки на истите е воспоставен систем (софтверски програм) за спроведување на електронската аукција.
Единствениот систем за електронска аукција (позитивна и негативна) при доделување на договорите за воспоставување на јавно приватно партнерство ќе се воспостави во рамки на Министерството за економија, по примерот на ЕСЈН согласно Законот за јавните набавки.
Исто така со Предлог законот се врши и доуредување и прецизирање на одредени одредби од истиот кај кои се појави дилема во текот на нивното спроведување.