Задолжително гласање - избори во Северна Кореја | Правдико

Правдико

   

Задолжително гласање – избори во Северна Кореја

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Северна Кореја денеска се одржуваат првите парламентарни избори откако на чело на државата дојде Ким Јонг Ун. Избирачите немаат голем избор – треба да гласаат за една партија и нејзините номинирани кандидати.

koreaВо Северна Кореја денеска се одржуваат првите парламентарни избори откако на власт се наоѓа Ким Јонг Ун. Севернокорејскиот лидер се кандидира за пратеничко место од 111-от избирачки реон во Пјонгјанг, каде мнозинството гласачи се војници.

На гласачките ливчиња се наоѓа само една политичка сила – Корејската работничка партија. Западните земји ги сметаат изборите во Северна Кореја за фарса, зашто на гласачкото ливче на секој изборен круг има само еден кандидат, гласачите можат да заокружат „да“ или „не“. Неизлегувањето на изборите се толкува за „политички прекршок“ и се казнува.

Во некои реони на земјата поради изборите се зајакнати безбедносните мерки. Синоќа се случиле неколку инциденти со уништување на плакатите, кои повикуваат за гласање за Работничката партија и Ким Јонг Ун. Поради тоа биле повлечени единици од граничната војска и распоредени во реонот на избирачките места.

Во севернокорејскиот Парламент има 687 пратеници, кои се собираат двапати годишно за да ги „аминуваат“ претходно донесените одлуки на владата. По последниот бран политички чистки, аналитичарите очекуваат изборите да ја зацврстат позицијата на Ким Јонг Ун како „врховен водач“. Во декември комунистичкиот режим го егзекутираше тетинот на Ким, Јанг Сонг Таек, кој падна во немилост. Тој долго важеше за сива еминенција на режимот, а беше казнет поради државно предавство. Тој меѓудругото беше заменик-шеф на моќната Национална комисија за одбрана, чии членови ги избира Парламентот. Во Северна Кореја не постојат опозициски партии, како ни опозициски медиуми.

Извор: DW

Препорачуваме

Партнери на Правдико