Задолжително вработување на лица со хендикеп
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Компаниите кои имаат над 35 вработени во иднина ќе треба да вработат по едно лице со инвалидност, а оние кои имаат над 1.000 вработени ќе треба да вработат максимум 20 лица со хендикеп.
Ова се предвидува во новиот Предлог-закон за вработување на лица со инвалидност, со кој се воведува квотен систем на вработување.
Со законот се предлага квотата на вработени инвaлидизирани лица да изнесува од два до 6 отсто од вкупниот број вработени во зависност од дејноста која ја врши работодавачот, односно максимум 20 во компании со над 1.000 вработени.
За вработувањето лица со хендикеп работодавачите ќе добијат финансиски стимул, односно ќе бидат ослободени од плаќање социјални придонеси и персонален данок за вработените лица со хендикеп, приватните компании ќе добијат и дополнителна парична помош од 200.000 денари за приспособување на работното место согласно потребите на вработените лица со хендикеп.
Работодавачите кои нема да го почитуваат законот ќе треба месечно да издвојуваат по бруто минимална плата која ќе оди во посебен фонд и заедно со 10 отсто од придонесите по основ на невработеност кој се плаќаат за сите вработени.
Извор: Нова Македонија