Заеднички царински постапки за побрз транспорт | Правдико

Правдико

   

Заеднички царински постапки за побрз транспорт

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

carinaМакедонија ќе се приклучи кон транзитниот систем на Европската унија, со што ќе се олесни и забрза транспортот и ќе се овозможи поевтино движење на стоката преку границите. За таа цел, Царинската управа со помош на експерти од Словенија ќе работи на усогласување на законодавството со она на Европската унија во делот на царината и ќе ги зајакнува административните и оперативните капацитети.

Ова ќе се реализира преку твининг-проект вреден околу еден милион евра, пари обезбедени од Европската унија и од Владата.

Придобивки ќе имаат и компаниите и Царинската управа. На компаниите ќе им бидат потребни помалку документи за транзит на стоката, со што ќе се намалат нивните трошоци, а, од друга страна, ќе се олесни и работата на царинските службеници. „Воспоставениот систем според стандардите на ЕУ нуди нови можности во царинското работење и предности за компаниите, односно значително ќе се придонесе за намалување на трошоците за хартиената декларација. Комплетната електронска обработка на податоците и дигиталното потпишување на документите ќе овозможи побрзо и полесно ослободување на стоките, намалување на трошоците и на формалностите, раздолжување на транзитната гаранција во реално време, односно во моментот на завршувањето на постапката“, истакна директорката на Царинската управа, Наташа Радеска-Крстевска.

Извор: Утрински весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико