Заев: Добивме блокада и не баш пријателска порака од Бугарија | Правдико

Правдико

   

Заев: Добивме блокада и не баш пријателска порака од Бугарија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Ја имаме првата блокада од Бугарија. Денеска е прекршен Членот 2 од договорот. Ние ништо до сега не прекршиме. Денеска е испратена не така пријателска порака од соседна Бугарија, првиот чекор е блокиран, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање, за време на увидот на магестралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар.

Според Заев, Членот 2 од Договорот за добрососедство вели дека Бугарија треба да не поддржува кон патот за интеграција, дека бугарската страна ќе го сподели своето искуство за да ѝ помогне на Република Северна Македонија да ги исполни неопходните критериуми за членство во Европската Унија (ЕУ) и ќе ја поддржи Република Северна Македонија за добивање на покана за членство во НАТО согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО.

Премиерот, сепак, вели дека е среќен што Северна Македонија во овој случај има поддршка од Германија.

Според документот до кој дојде, Радио Слободна Европа вчера објави дека ЕУ ја подготвила преговарачката рамка за Македонија, јазикот останува македонски, добросоедските односи суштински за проширувањето, но ги нема барањата на Бугарија за дефинирање на македонската нација и македонскиот јазик.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико