Заев: Двајца членови на Владата под истрага
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Двајца членови на Владата се под истрага за корупција, обелодени денеска премиерот Зоран Заев кој учествува на дводневниот Самит „Македонија 2025“. Истрагата за две лица од Владата е покрената врз основа на пријави од граѓани.
„Работат само два месеца и веќе се под истрага. Повеќе детали не можам да кажам“, рече Заев.
Премиерот вели дека е многу важно справувањето со корупцијата, како во регионот така и во Македонија, во контекст на привлекување на инвестициите.
„Мој приоритет е во Македонија да не се појавуваат грешките од минатото, пред сѐ корупцијата. Законот мора да важи еднакво за сите бидејќи само така можат да се овозможат нови инвестиции“, рече Заев на панел-дискусијата на тема ’Што научивме и како да ги применуваме доаѓањето на инвестициите’ на Самитот „Македонија 2025“.
Извор: Макфакс