Правдико

   

Заев го прифати барањето на Мицкоски за пржинска влада

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Премиерот Зоран Заев изјави дека го прифатиле барањето на ВМРО-ДПМНЕ за т.н. пржинска влада.

„Денес го прифативме барањето за законски измени што ќе овозможат техничка влада да ги спроведува секои парламентарни избори со формат идентичен на пржинскиот“, рече Заев, кој изјавата ја даде во име на сите учесници на средбата.

Во согласност со тоа, додаде тој, се договоривме денеска да заврши лидерската средба и да нема одложување. „Како ќе се договориме, зависи од сите нас внатре. Се враќаме на прашањето за референдумот, односно за тоа како ќе гласи прашањето, за карактерот и за датумот на неговото одржување“, рече Заев.

Прифатено е и барањето на ВМРО-ДПМНЕ за финансирање на политичките партии и за Државната изборна комисија. Извори однатре брифираат дека денеска се очекува да се стопираат измените на Изборниот законик за формирање на ДИК.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико