Заев: Ќе го разгледаме предлогот на Пендаровски за одложување на пописот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Премиерот Зоран Заев рече дека ќе го разгледа предлогот на претседателот на државата Стево Пендаровски за одложување на пописот.
„Го видов предлогот на претседателот да се одложи пописот на еден-два месеца… ок, јас сум секогаш спремен, сè е вредно за размислување. Летото, знаеме, дека попис не се спроведува, а септември е кампања, октомври е изборен период за локалните избори. И да размислие за еден и пол месец, да завршиме некаде до јуни, гледам тоа веќе опозицијата го одби. Уште еднаш ја испраќам пораката да бидеме одговорни и да го спроведеме пописот“, рече Заев.
Извор: Макфакс