Заев: На 1 септември се враќаме во Собранието
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На 1 септември опозицијата се враќа во собрание, потврди за ТВ Телма лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Враќањето на СДСМ во Собранието е дел од договорот којшто четворицата лидери Груевски, Заев, Ахмети и Тачи го постигнаа со посредство на меѓународната заедница.
Според договорот од Пржино опозицијата треба да се врати во Парламентот на 1 септември, а на 15 да се избере специјален јавен обвинител кој ќе работи на случаите со прислушувањето.
Заев за Телма рече дека токму тоа е и целта на враќањето на опозициските пратеници во собранието.
Работните групи на партиитите само еднаш го отворија прашањето за избор на специјален јавен обвинител а, лидерот на ДПА, Мендух Тачи неодамна изјави дека тие се далеку од договор и дека единстевен напредок е постигнат околу прашањата за изборите.
Како што е најавено, работните групи треба да продолжат со работа на 17 август.
Извор: НОВАТВ