Заев на распит во Основното јавно обвинителство
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Лидерот на СДСМ Зоран Заев во петок треба да дојде на распит во Основното јавно обвинителство, пренесува А1он.
Обвинителството на Марко Зврлевски, заедно со други лица, на раководни позиции во партијата го товарат Заев за злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања.
Ова е во рамки на веќе отворената предистражна постапка. Заев потврди дека е поканет и дека ќе одговори на поканата и ќе се појави на распитот.
Во предистражната постапка сослушани биле над 70 сведоци, за настани од изборите во 2014-та и декември 2016-та година.
Во исто време постапки за изборен фалсификат и нерегуларности, СЈО води против екс министрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески.
За нив во „бомбите“ на опозицијата беше објавено дека поткупуваат и заплашуваат гласачи, злоупотребуваат и деца од дом, со сила носат лица на гласање, го организираат гласањето на жители на Пустец и отвораат доверлив изборен материјал.
Извор:Макфакс