Заев најави повеќе пари за судството и обвинителството
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање колку е моќна државата да одвои средства од Буџетот за да обезбеди финансиска независност на државното обвинителство, рече дека тенденцијата на надлежните органи е да се обезбедат повеќе средства од државната каса.
„Зборуваме генерално за правосудството кога разговараме за финансии заедно со судско-буџетскиот совет што го покрива и обвинителскиот совет. Тенденцијата која што сега се бара согласно со капацитетите, е да пораснеме колку што е можно повеќе од 0,37 проценти од БДП и сакаме да стигнеме до 0,5 проценти. Тоа се огромни пари и тие ќе овозможат дополнителна независност и дополнителен квалитет на правосудството, вклучително половина за обвинителството, а половина за судството во државата. Ако има доволно пари да обезбедат обвинителството да не должи пари за вештачење, да имаат независни експертизи, да ги оформат истражувачките центри, да ги доекипираат стручните служби, а административните да се доекипраат со доволно обвинители, верувам дека тоа ќе биде помоќно, посилно понезависно и уште поправично во делот на процесуирање на предметите, истото важи и за судството, така што ќе стегнеме заби и дополнително ќе определиме средства“, изјави премиерот Заев.
Извор: Радио слободна Европа