Заев: Нема никаков политички договор со Груевски, очекуваме Унгарија да го екстрадира | Правдико

Правдико

   

Заев: Нема никаков политички договор со Груевски, очекуваме Унгарија да го екстрадира

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Премиерот Зоран Заев ги отфрла шпекулациите дека имало каков било политички договор со неговиот претходник Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија. Заев очекува тој да биде екстрадиран во земјата и да ја издржи двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО, односно за набавката на „мерцедесот“ од 600.000 евра.

„Остро и категорично да ги отфрлам сите шпекулации за каков било политички договор со Никола Груевски. Вчера, 10 минути пред да биде објавена веста дека Груевски е во Будимпешта, дадов изјава и кажав дека имаше многу скептици дека политичари нема да бидат исправени пред судот, тоа се случи. Имаше многу скептици дека нема да има судски пресуди и тоа се случи, дека нема да има второстепени пресуди, дека жалбите за одење во затвор ќе бидат политички договорени – не. Досега се потврдија владеењето на правото и независноста на правосудните институции до максимум. Јас сум убеден дека времето ќе покаже оти Груевски ќе се врати назад и ќе ја издржи својата казна и секако ќе биде исправен пред судот и за други дела за кои е осомничен“, рече Заев.

Според него, Груевски е кукавица затоа што претходно зборувал дека тој ќе ја преземе одговорноста само други лица да не бидат цел, а сега избегал надвор од државата.

„Каков кукавица е тој што цело време велеше дека за Македонија е спремен да оди во затвор, само да не бидат други цел. Дојде моментот на прифаќање на одговорноста, избега како кукавица надвор од државата обидувајќи се да добие аболиции. Тоа само по себе потврдува дека е виновен за тоа за што е осуден. Казните мора да бидат издржани, така што ние ќе направиме сè што е во наша надлежност да го испорачаме назад Груевски. Веќе се почнати некои постапки“, рече Заев.

Заев рече дека Министерството за внатрешни работи на Унгарија контактирало со македонското МВР и потврдило дека Груевски е таму и дека бара азил и побарале информации за што е осуден во нашата земја.

„Секако, се очекува за една земја како Унгарија да биде пример дека нема да штити криминалци што направиле штета врз граѓаните на РМ. Каква е мотивацијата за нас за членство во ЕУ кога една земја членка на Унијата би била засолниште на криминалци и не ги почитува меѓународното владеење на правото и меѓународната пракса“, рече Заев.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико