Заев – Судот и Обвинителството ќе одлучат за одговорноста за пожарот во болницата во Тетово | Правдико

Правдико

   

Заев – Судот и Обвинителството ќе одлучат за одговорноста за пожарот во болницата во Тетово

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Јавното обвинителство и Судот ќе одлучат дали има некоја човечка, индивидуална, субјективна или каква било одговорност за пожарот во ковид модуларната болница во Тетово и тие процесите ќе ги процесуираат, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој потсети дека рекол оти важен влезен елемент за донесувањето на неговата одлука за евентуално прифаќање на оставките ќе биде истрагата во делот на причините на настанувањето на пожарот.

„И ние денеска тие причини ги имаме. Вториот дел, секоја човечка одговорност, секоја субјективна одговорност внатре е право на истрага на други органи, што не е ни премиерот, ни Владата, ни Парламентот“, рече Заев.

Во пожарот на 8 септември во ковид болницата во Тетово загинаа 14 луѓе. Потоа директорите на болницата во Тетово и министерот и заменикот министер за здравство поднесоа оставки, но премиерот рече дека ќе се изјасни за прифаќањето откако ќе заврши истрагата. По објавувањето на извештајот од истрагата, Заев рече дека не им ги прифаќа оставките на министерот за здравство Венко Филипче и на заменикот министер Илир Хасани.

„За да амнестирате некој прво треба да биде виновен, односно да има покренато постапка за негово сомневање, обвинение или докажана вина или слично, а се работи за етички осврт, морален осврт на министерот и на заменик-министерот, луѓе кои со својот професионален и личен ангажман многу дадоа во целиот наш здравствен систем посебно во поглед на пандемијата со ковид-19, а и тоа како ни се потребни во периодот што престои пред нас затоа што бројките се стабилни на едно плато се држат“, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата.

Оставките пак на директорите на болницата се неотповикливи, но Изборниот законик забранува во време на избори да се именуваат личности, па нивната смена се очекува за после изборите, во ноември.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико