Заев во Брисел на средби со Хан, Могерини и Столтенберг | Правдико

Правдико

   

Заев во Брисел на средби со Хан, Могерини и Столтенберг

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Премиерот Зоран Заев денеска престојува во еднодневна работна посета на Европската Унија во Брисел, придружуван од вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и од министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Премиерот Заев и делегацијата ќе имаат одделни средби со потпретседателката на Европската комисија и висока претставничка за надворешна политика и безбедносни прашања, Федерика Могерини, и со комесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, како и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Извор: Макфакс

Исто така, Заев за време на овој работен престој во Брисел ќе претседава со 15-тата сесија на Советот за стабилизација и асоцијација на која ќе се разгледува напредокот на нашата земја во процесот на интеграцијата во ЕУ.

Активностите во Европската комисија во Брисел ќе завршат со заедничка прес-конференција на Заев, Могерини и Хан.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико