Заев за новиот систем против корупција: Ќе се дигитализираат сите обвинителства, нема веќе предмети во фиока | Правдико

Правдико

   

Заев за новиот систем против корупција: Ќе се дигитализираат сите обвинителства, нема веќе предмети во фиока

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Ќе се екипираат и дигитализираат јавните обвинителства со оперативни истражни центри, за сите 23 јавни обвинителства во државата заедно со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, нешто што ќе го забрза процесот на решавање на предметите и нема веќе да има чување предмети во фиока, изјави премиерот Зоран Заев презентирајќи детали од антикорупцискиот план.

Тој рече дека ќе претстои автоматизирање на протокот на документи по предмети со препознаена корупција, а ќе се воведе и електронски систем за инспекција „Е-инспектор“, кој ќе ги има под закрила сите инспекторати, а ќе биде под јурисдикција на инспекцискиот совет.

Освен ова, рече Заев, ќе се дигитализираат трите служби за матични книги, а граѓаните ќе може електронски да ги добијат изводите. Како дел од акцискиот план е предвидена и заштита на укажувачите.

„Правдата е тука, ете ја, по рочиштата и во судниците. И додека тие се бореа да нема правда, ние веднаш почнавме со транспарентност. Поставивме стандарди од кои нема враќање, а граѓаните сведочат дека привилегирани и недопирливи нема. Беа одржани многубројни консултации, со ‘Транспаренси интернешнл’, ДКСК и многу други. Ги собравме најважните совети и препораки за да изготвиме ваков план“, изјави Заев.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико