Зајакнување на инспекциската контрола за непријавени работници- предлог измени | Правдико

Правдико

   

Зајакнување на инспекциската контрола за непријавени работници- предлог измени

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

rabotnici-480x272Една од активностите во рамките на Акцискиот план за намалување на сивата економија е унапредување на регулативата за утврдување на непријавени работници од страна на соодветните инспекции. Во Законот за работните односи уредено е дека надзорот над Законот за работите односи го спроведува Државниот инспекторат за труд.

Имајќи предвид дека со Законот за инспекциски надзор покрај другото се врши координацијата на инспекциските служби, како и потребата од навремено и ефикасно уредување на состојбата со непријавени работници, се предлага при вршењето на надзор на другите инспекциски органи да се вклучи и утврдувањето на непријавени работници кај правните лица. Односно контролата на пријавувањето во задолжително социјално осигурување да го водат повеќе инспекциски органи во случај на затекнување на непријавен работник, истовремено при вршење на надзорот од својата надлежност.

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико