Закани од Исламската Држава до италијанскиот министер за правда | Правдико

Правдико

   

Закани од Исламската Држава до италијанскиот министер за правда

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Италијанскиот министер за правда, Андреа Орландо, денеска по пошта прими куршуми и заканувачко писмо на арапски, испратени од страна на Исламската Држава, изјави портпаролката на министерството.

image-resizer

Таа рече дека писмото е потпишано со „IS“, што е кратенка за Исламската Држава (Islamic State).

Во писмото, кое беше испратенo до Министерството во Рим со два куршуми од „Калашников“, пишува: „Ние ќе дојдеме во Рим и ќе ви ја отсечеме главата. Господ е голем”, изјави портпаролката.

Писмото и куршуми беа испратени за анализа заедно со пликот во кој тие пристигнале, адресиран до министерот, објави Ројтерс.

Италија ги зголеми безбедносните мерки по терористичките напади во Париз на 13 ноември, во кој загинаа 130 лица, а за кои Исламската Држава ја презеде одговорноста.

Орландо ниту пак министерството никогаш претходно не добиле слични закани, изјави портпаролката.

Куршумите, според Ројтерс, се начин на кој италијанските организирани криминални групи традиционално ги испраќаат како закана за своите непријатели.

Препорачуваме

Партнери на Правдико